Приближно 21 тони хероин се запленети во операција во источниот дел на Авганистан, изјави денеска шефот на руската Сојузна служба за контрола на наркотиците (ФСКН) Виктор Иванов.
– Во вчерашната операција во покраината Нангархар уништени се неколку лаборатории за производство на дрога и запленети се приближно 21 тони хероин. Во операцијата учествуваа и припадници на ФСКН, изјави Иванов.
Тој наведе дека во Русија годишно влегува околу 21 тони хероин. Поголемото количество на хероин во Русија доаѓа од Авганистан.