ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори

Од:

„Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори. Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни. Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира.

Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото.

Власта на Заев не им даде доволно аргументи на нашите меѓународни пријатели кои константно ни помагаат да добиеме датум. Криминалот, корупцијата и рекет аферите се клучната причина зошто Македонија извиси. Тоа граѓаните го знаат и затоа ќе го испратат Заев во историјата, а СДСМ во опозиција.

На граѓаните им е доста од криминал, корупција и рекет. Граѓаните бараат обнова. Граѓаните сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.
Доаѓа крај за СДСМ и почеток за обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски