Перес: Иран е најголема закана за мирот во светот

Од:

Во говор во Европскиот парламент израелскиот претседател Шимон Перес го оквалификува актуелниот ирански режим како „најголема закана за мирот во светот“. Тој нагласи дека либанската група Хезболах е терористичка организација.

– Никој не му се заканува на Иран. Иран е закана за другите, нагласи тој.

Според него иранскиот режим е закана за постоење на Израел, шверцува оружје во други држави за да ги дестабилизира, го негира холокаустот. Тој упати повик до парламентарците да ја стават Хезболах на листата на терористички организации.

Перес повика и за воена интервенција на држави од Арапската лига во Сирија.

– Арапската лига можеби треба да формира времена влада во Сирија, за да се прекине со крвопролевањата и да не дозволи да загине Сирија, изјави тој упатувајќи апел до ОН да поддржи арапски сини шлемови.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он