Еспер најавува можност дел од американските сили да останат во Сирија

Од:

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека се разгледува опцијата мал дел од преостанатите американски војници да останат во североисточна Сирија со цел да ги заштитат нафтените полиња и да ја продолжат борбата против терористичката Исламска држава.

Еспер рече дека таква одлука не е донесена, ниту таквата опција му била презентирана на американскиот претседател Доналд Трамп.

На прес конференција во Кабул, Еспер рече дека одделни американски единици се уште не почнале со повлекување од североисточна Сирија и дека тие трупи работат со сириските Курди на обезбедување на нафтените полиња, со цел тие да не паднат во рацете на ИД.

Американскиот министер за одбрана рече и дека САД од воздух го надгледуваат „најдобро што можат“ договореното примирје. Тој повтори дека американските сили кои ја напуштаат Сирија се префрлаат во западен Ирак и не исклучи можност таму да изведуваат антитерористички операции на сириска територија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија