Притвор за дилер на дрога од Албанија

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26 – годишен државјанин на Република Албанија поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, на 19 октомври неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 9,97 килограми, која била спакувана во 12 пакувања и скриена во багажниот простор од патнички автомобил марка „Мерцедес“ со албанска регистарска ознака.

При вршење контрола од страна на службените лица од Царинската управа на Граничниот премин Богородица дрогата е пронајдена и одземена.

Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен од Судот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки