Инфлацијата во Шведска во текот на февруари годинава се намали до минус 0,2 проценти. Тоа е воедно и најниското ниво по 2009 година.
Потрошувачките цени се искачија за 0,4 отсто од јануари до февруари, според шведското Централно статистичко биро (СЦБ). Поради тоа, инфлаторниот такт бил негативен, минус 0,2 проценти, а што значи дефлација.
Пред се станува збор за опаѓање на каматните трошоци, пониски цени на електричната енергија и намалување на цените на бела техника, фактори кои влијаат на падот на потрошувачките цени на годишно ниво. Но, од друга страна, регистриран е пораст на цените на прехранбените производи и на облеката, како и на цените за најмување станови, се наведува во соопштените за медиумите што денеска го објави СЦБ.