Анте Назор повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Задар. По поразот од Мега Бемакс во АБА лигата, задраните решија спогодбено да го раскинат договорот со хрватскиот експерт, кој во 2017 година освои титула во македонското првенство како предводник на МЗТ Скопје.
Задар не знае за победа во јадранската лига, и тоа е главна причина за предвремениот раскин на двегодишниот договор, што беше потпишан пред само четири месеци.
Назор беше на мета на навивачите уште минатата недела, но тогаш изјавуваше дека нема намера да се повлече. Сепак, дебаклот против Мега ја прели чашата, и клубот одлучи да се раздели со Назор, и да бара друго решение за тренерското место.