На ГП „Богородица“ во автомобил пронајдени 11 килограми марихуана

Од:

Единаесет килограми марихуана се пронајдени при преглед на патничко возило вчера попладне на граничниот премин Богородица, при што е приведен возачот, 26 – годишен албански државјанин.

–На Граничен премин „Богородица“ вчера во 15 часот од слобода бил лишен М.М (26) од Република Албанија, кај кого при преглед на патничко моторно возило„мерцедес Е270“, со албански национални ознаки, во специјално направен бункер службеници на Царинската управа пронашле 13 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 11 килограми.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот Дневен билтен.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он