При напад на курдските сили во Сирија загина еден турски војник

Од:

Еден турски војник загина, а еден е повреден при денешниот напад на така наречените Единици за заштита на народот во градот Тел Абјад, североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека припадници на Единици за заштита на народот со противтенковско и лесно оружје ги нападнале турските војници кои извршувале извидувачки и набљудувачки мисии во градот.

Турското Министерство за одбрана истакна дека е одговорено на нападот, како и оти Анкара и покрај насилството останува посветена на договорот за примирје.

Турција и САД во четвртокот договорија привремено примирје во рок од пет дена, додека курдските сили не се повлечат од „безбедносната зона“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години