Пет најопасни плажи во светот

Од:

Песочните плажи, тиркизната вода и зелени палми се магнет за туристите, но и покрај атрактивноста и убавината, некогаш сепак треба да им кажете не, затоа што се опасни по живот.

1. Мексиканската плажа „Зиполит“.

Се наоѓа во државата Оаксаца, на брегот на Пацификот. Таа е еден вид рај за хипиците и оние кои сакаат да бидат осамени. Големите бранови го прават ова одморалишете едно од најопасните во светот.
Дури и најискусните пливачи не можат да пливаат нормално и постои можност да се удават или брановите да ги фрлат на едни од најопасните карпи.С труите им се најсилни од април до јуни и тогаш речиси е невозможно да се плива.

2. Хавајската плажа – Ханакапиаи

Поради недостатокот на големи сртови кои би ги намалиле водните силни струи, оваа плажа го заслужила епитетот опасна за капачите. Во 2008 година овде се удавиле 82 лица. Опасноста постои дури и ако сакате само да си ги натопите нозете. Брановите се толку силни што можат да ве повлечат и да ве однесат.

3. Бразилската плажа Боа Виагем

Се наоѓа во Рецифер, попознат како „бразилската Венеција”.
Плажата е една од најпопуларните на источниот брег на Бразил, но за жал, се прослави и по многубројните напади од ајкули. Отпадните води и рибарски бродови ја уништија морската флора и фауна, па ајкулите во недостаток на храна се почесто напаѓаат луѓе.

4. Северната и источната плажа во Австралија

Иако се едни од најубавите плажи сепак, познати се и по многуте ризици. Освен ајкулите и опасните струи, овде можете да бидете во опасност и заради нападот од австралиската медуза. Таа во себе има доволно отров да убие 60 луѓе.
Од 1954 година па се досега имаше 5,568 смртни случаи од медузите. Најопасниот период во годината кога медузата најчесто напаѓа е од октомври до април.

5. Северна плажа на островот Ширед – Флорида

Плажата е позната како една од најзаразните во светот поради големиот процент на загаденост. Многубројните бактерии можат да предизвикаат инфекции во респираторниот тракт, стомакот, хепатитис, кожни болести и многу други.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ