Демонстрантите се судрија со полицијата во центарот на Барселона на петтиот ден од протестот. Стотици илјади луѓе со знамето на Каталонија целосно го парализираа градот.
Генералниот штрајк беше организиран на покана на синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија, при што демонстрантите бараа ослободување на затворените каталонски сепаратисти, пренесува АП.
Шпанското министерство за внатрешни работи објави дека распоредило цивилни стражари во предградието на Барселона, пренесува Спутник.
Во центарот на Барселона дошло до судир на демонстрантите и полицијата.
Во друг дел од градот, илјадници студенти и ученици кои стапија во тридневен штрајк, се обидуваат да стигнат до зградата на шпанската национална полиција, чувана од полицијата за интервенции.