Поширокото подрачје на Јужна Калифорнија вчера го погоди земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а според првичните извештаи нема жртви, туку само помала материјална штета.
Епицентарот бил на околу 20 километри од пустинскиот град Анза, односно 160 километри југоисточно од Лос Анџелес.
Потресите ги почувствуваа и жителите на Лос Анџелес и Сан Диего, но во тие градови немаше последици.
Претставник на полицијата во Палмс Спрингс, градот кој се наоѓа во близина на епицентарот, изјави дека, според досега достапните податоци, никој не бил повреден.