Во Велес промовирана стихозбирката „21“ на Игор Крајчев

Од:

Во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ синоќа беше промовирана стихозбирката „21“ на писателот Игор Крајчев, кој со оваа стихозбирка издадена на македонско-англиски ја доби наградата „Јован Котески за 2019“. Ова е нејзино второ издание, а кое го промовира и во Велес, откако првото го промовира во Охрид. Инаку, ова е петта книга на авторот, а трета поетска, во која има 21 песна поделени во три циклуци.

Промотори на книгата беа проф д-р Кристина Николовска и проф д-р Венко Андоновски.

Андоновски во информацијата за МИА, за најновата стихозбирка на Игор Крајчев, потенцира дека имаме една стихозбирка со која авторот докажува дека е во врвот на македонската поезија и тоа не само на помладата поезија тука дека и сериозно конкурира за високите места во македонскиот поетски пандем.

-Станува збор за еден повод кој на многу едноставен начин, со многу малку зборови постигнува максимум значење во песната, а тоа е врв идеал на секој поет. Во „21“ Крајчев се прашува за основните животни филозофски прашања, Што е животот? Што е смртта? Постои ли бесконечност или не постои? Во што ние да се загледаме во овој живот за да ја најдеме смислата, потенцира Андоновски.

Тој појасни дека неговата стихозбирка „21“ има симболично значење број кој симболизира и затвореност и отвореност и сака да каже дека нема одговор на тие прашања, но и дека нуди моментално одговори на некои прашања, а кои му се чинат важни.

Андоновски потенцира дека станува збор за едно поетско дело кое за оние што сакаат поезија навистина ќе им направи исклучителен впечаток и уживање.

-Со ова дело го потврдува Игор Крајчев како еден од оние мајстори што го следат Рациновото стебло во поезијата. Тоа е начелото на едноставност, со едноставни зборови и фрази да се постигне максимум, со таа разлика со Крајчев има и завидно образование, но тоа не пречи во неговата поезија, појасни професор Андоновски.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот