Јапонија денеска ја одбележа двегодишнината од цунамито што уништи голем дел од северно источниот брег. Земјотрес го предизвика цунамито, од кое починаа скоро 19 илјади луѓе.
Попладнево низ цела Јапонија имаше една минутна тишина, за да оддадат почит на жртвите.
Јапонскиот премиер, Шинзо Ејби, вети дека ќе ја забрза реконструкцијата и рече „ако не пристигне пролетта во северно источна Јапонија“, тогаш „вистинска пролет“ нема пристигне во останатиот дел од земјата.
Јасна Атанасова