(ВИДЕО) Средба Заев-Тимерманс: Остварувањата на земјава да се испочитуваат со одлука за старт на преговорите

Од:

Европската Унија сега треба да го направи решавачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување во членство за Република Северна Македонија, со што ќе се испрати силна порака и до другите земји во регионот дека донесувањето тешки и одговорни одлуки, како и длабоките реформски процеси, се влог за подобра иднина, оценија на денешната средба во Брисел премиерот Зоран Заев и потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.

Како што соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата, на средбата на која присуствуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, Заев во свое име и во име на народот на нашата земја ја истакна благодарноста за поддршката на институциите на ЕУ, како и на земјите членки, за евроинтеграциските процеси и внатрешните реформи.

– Позитивна одлука на европските лидери за старт на преговори со Северна Македонија е логичен одговор за признавање на досегашните испораки на земјата и силен поттик за континуитет на реформите во насока на постигнување на европските стандарди, изјавил Заев на средбата.

Тој потенцирал дека секое одлагање на почетокот на преговорите „ќе ослободи простор за влијание на трети страни, на кои демократските вредности не им се приоритети“.

– Потпретседателот на Европската комисија, Тимерманс од своја страна нагласи дека политиките и остварувањата на Владата на Северна Македонија се за почит и дека имаат силна поддршка од европските институции и од огромното мнозинство на земјите членки на ЕУ, кои се за почеток на преговарачкиот процес за членство, се наведува во соопштението на владината Прес-служба.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати