Унгарскиот Парламент ги изгласа спорните измени на Уставот

Од:

Унгарскиот Парламент денеска усвои низа спорни измени на Уставот, за кои Европската унија и Советот на Европа предупредија дека можат да ја загрозат демократијата и владеењето на правото.

„За“ амандманите гласаа 265 пратеници, 11 беа „против“, а 33 беа „воздржани“.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и генералниот секретар на СЕ Торбјорн Јагланд во заедничкото соопштение укажаа дека се поставува прашањето дали амандманите се во согласност со уставните вредности, европското право и стандардите на СЕ.

И претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази жалење за усвојувањето на амандманите.

– Не сум единствен кој е загрижен за уставните измени и нивните евентуални негативни последици по владеењето на правото и почитувањето на основните права, посочи Шулц.

Тој изрази разочарување бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан не го послушал неговиот предлог и не побарал мислење од Венецијанската комисија на СЕ пред гласањето.

Би можело да ве интересира

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

ЕУ ја предупреди Унгарија: „Вашиот потег е безбедносна закана“

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра