Десетина артилериски проектили кои припаѓале на германската војска во Втората светска војна пронајдени се во Полска на местото каде што се прави нова авионска писта за аеродромот Катовице.
Портпаролот на аеродромот рече дека проектилите се пронајдени минатата недела кога почнале работите на пистата. Тие се однесени на тестирање и се детонирани.
На местото каде се наоѓа аеродормот била сместена германска артилерија за време на војната.
Портпаролот рече дека на аеродромот му е потребна нова 3,2 километри долга писта од која би полетувале карго авиони, а треба да биде отворена во втората половина на наредната година.