Заев: Ако не се донесе одлука за датум, ќе се уништи владата

Од:

Доколку ЕУ не донесе одлука за започнување на пристапните преговори на Северна Македонија, тоа практично ќе значи дека не го уважува туку дури и го казнува Преспанскиот договор, вели македонскиот премиер Зоран Заев, пишува „Б92“.

Тој смета дека во тој случај ЕУ не може да очекува ниту решавање на косовскиот, за што инаку постојано се повикува на успехот на Скопје и истакнува дека договорот е посочен како добар модел по кој Белград и Приштина би требале да се договорат во интерес на напредокот на патот кон ЕУ.

„Сите велат дека Преспанскиот договор е засега еден од најдобрите примери на Западниот Балкан. Доколку ЕУ го „казни“ овој договор и Северна Македонија со одоложување на пристапните преговори, како може тогаш да очекува дека Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе најдат решение за косовското прашање, или како ќе ги мотивираат босанските лидери да најдат решение за БиХ“, изјави Заев за српски Танјуг.

Тој истакна дека уште многу треба да се работи на Западен Балкан и дека е потребна мотивација од страна на ЕУ.

– Се надевам дека ЕУ ќе ни даде мотивација за да продолжиме со напорната работа на реформите и иднината, нагласи Заев.

Тој изразил надеж дека Северна Македонија ќе добие зелено светло на претстојниот состанок на шефовите на државите членки на ЕУ, иако шефовите на дипломатијата не го дадоа вчера во Луксембург.

„Ниту една земја членка на ЕУ нема замерки на нас. Ние очекуваме дека можат да се спроведат реформите на ЕУ и паралелно да тече проширувањето, односно тој процес да продолжи со Северна Македонија и Албанија“, додаде Заев.

Според неговите зборови, македонската држава нема друга алтернатива.

Тој кажа дека поради можното одложување, веројатно ќе падне владата во Скопје, но и дека на нејзино место ќе дојде друга која ќе го продолжи европскиот пат.

„Алтернатива за нас нема. Ако не се донесе одлука ние не можеме да се откажеме од ЕУ. Секако дека ЕУ е нашата иднина. Веројатно ќе ја уништи Владата во Македонија. Но, ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат. Затоа што ние поради ЕУ го сменивме дури и нашето име. Направивме договори со Бугарија и Грција. Ги унапредивме односите со Србија, Албанија, Косово, со соседите во тој правец. Јас верувам дека ќе има се повеќе и повеќе мотивација за да продолжиме да работиме посилно за да покажеме уште повеќе успех“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати