Севернокорејска телевизија емтиуваше документарен филм за сиромаштвото во САД:
Во извадокот објавен на „Јутуб“, Американците се прикажани како сиромашни кои живеат во шатори, и се вели дека „прават кафе од снег и купуваат оружје за да се убиваат меѓу себе, а посебно деца“.
Според нараторката, во зима нема птици бидејќи „луѓето кои живеат во шаторите и засолништата ги изеле“. Покрај тоа, се вели дека „Црвен Крст им носи завеси на Американците сошиени од материјал од Северна Кореја“.
Јасна Атанасова