Американските војници се повлекуваат од Сирија, но остануваат на Блискиот Исток

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека околу илјада американски војници, за кои претходно издаде наредба да се повлечат од Сирија, сепак ќе останат на Блискиот Исток.

Во писменото соопштение Трамп наведува дека американските војници ќе останат во регионот за да се спречи оживување на Исламска држава.

– Нивната улога ќе биде да ја следат ситуацијата и да спречат евентуално повторување на 2014 година, кога припадниците на ИД, организирани во Сирија, преминаа во соседен Ирак и воспоставија контрола врз северниот и западниот дел на земјата.

Трамп потврди дека мал број американски војници, околу 150 ќе останат во базата Ал Танф, која се наоѓа во јужниот дел на Сирија.

Неименуван американски претставник изјави дека повлечените американски војници од Сирија ќе бидат распоредени во Ирак, Кувајт и евентуално во Јордан.

Тој наведе дека американските војници се повлекле од областа Манбиџ, каде беа стационирани од 2017 година.

– Американските сили ги консолидираат своите позиции подготвувајќи се наскоро да заминат од земјата, посочи тој, додавајќи оти американските војници во стационирани во Ирак можат да изведуваат прекугранични операции против ИД во Сирија, како што правеа и претходно.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер синоќа наведе дека воената операција на Турција во северна Сирија ги попречува напорите во борбата против терористичката група.

– И покрај спротивставувањето и предупредувањата на САД и меѓународната заедница, претседателот на Турција, Ердоган нареди еднострана инвазија во северна Сирија, која резултира со голем број жртви, раселување, разорување и пораст на заканите кон американските воени сили, посочи Еспер.

Тој потенцира дека „неприфатливиот упад ја поткопа и успешната мултинационална мисија против терористите во Сирија и доведе до ослободување на многу опасни припадници на ИД“.

– Поради неодговорните постапки на Турција, ризикот за американските сили во североисточна Сирија достигна неприфатливо ниво. Постои ризик да бидеме зафатени од поширок судир. По налог на претседателот, Министерството за одбрана ги повлекува американските војници од североисточна Сирија, наведе Еспер.

Тој оцени дека едностраната акција на Турција била непотребна и импулсивна.

– Претседателот Ердоган сноси целосна одговорност за последиците, вклучително и потенцијален препород на ИД, евентуални воени злосторства и се поголема хуманитарна криза, наведе Еспер, додавајќи оти е нарушен билатералниот однос помеѓу Турција и САД.

Шефот на Пентагон најави дека следната недела ќе го посети седиштето на НАТО во Брисел, каде ќе „ги притисне“ американските сојузници да преземат колективни и поединечни дипломатски и економски мерки против Анкара.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски