Шефот на шпанската дипломатија во техничката Влада и иден европски комесар Жозеп Борел денеска изјави дека ниту еден европски Устав не би овозможил еднострано прогласување на независност на дел од територијата.
Тој апелираше да се вложат напори за политичко и социјално опоравување, бидејќи обидот за прогласување на независност на Каталонија е осуден на пропаст.
Шпанскиот Врховен суд денеска осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти за човекови права на казни од девет до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешното прогласување на независноста на Каталонија во 2017 година.
Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.
Поранешниот претседател на каталонската Влада, Ориол Хонкурес е осуден на 13 години затвор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови.