За 4,7 отсто повеќе странски туристи во август годинава

Од:

Државава во август годинава ја посетиле 216.321 турист, а се реализирани 904.740 ноќевања, што споредено со август лани, е зголемување за 2,2 процента, односно 2,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најбројни се туристите од Холандија, Хрватска, Шпанија,Израел, Австралија и САД.

Бројот на домашните туристи во август годинава во однос на истиот месец минатата година, е зголемен за 0,1 отсто, а на странските за 4,7 отсто. Кај домашните туристи има за 0,9 отсто повеќе ноќевања, а кај странските за 7,4 отсто.

Во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните за 1,3 проценти, а кај странските за 2,7 проценти. Кај ноќевањата зголемувањето изнесува 1,5 отсто, при што кај домашните 0,3 оттсо, акај странските 3,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ