Саудиска Арабија одобри влез на нови трупи од САД

Од:

Саудиска Арабија одобри САД да испратат дополнителни трупи и опрема во кралството по минатомесечниот напад врз саудиските нафтени објекти.

САД претходно објавија дека ќе испратат уште 3.000 војници во Саудиска Арабија, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Саудијците му рекле дека ќе платат за ангажманот на американските сили.

Не се прецизира на кој род припаѓаат војниците кои ќе ги испрати САД, но локалните медиуми известуваат дека саудискиот крал и престолонаследник донеле одлука да го одобрат пристигнувањето на дополнителни американски сили во контекст на „историските односи и одличната соработка“ меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот