Во тајфунот Хагибис загинаа 19 лица, 16 се сметаат за исчезнати

Од:

Најмалку 19 лица загинаа, 16 се сметаат за исчезнати, а околу 100 се повредени во тајфунот Хагибис, кој предизвика поплави и лизгање на земјиштето во Јапонија.

Големи поплави има во централниот регион Нагану, каде попушти насипот, па реката Чикума ги поплави куќите, кои се во вода до првиот кат.

Жителите се терасите додека чекаат за помош, од каде мавтаат со бели крпи на хеликоптерите на јавната телевизиска мрежа НХК и јапонските сили за самоодбрана.

– Во текот на ноќта, издадовме препораки за евакуација на 427 куќи со 1.417 луѓе, изјави Јасухиро Јамагучи, шеф на службата за спасување во Нагано.

На околу 7,3 милиони Јапонци вчера им беше препорачана евакуација, по рекордни врнежи од дожд. Десетици илјади одговорија на тие препораки. Тие се сместени во спортски сали каде им се обезбедува вода, храна и ќебиња.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови