Шекеринска: Ние испорачавме резултати, очекуваме Унијата да покаже лидерство и да ги отвори пристапните преговори

Од:

Ние испорачавме резултати во однос на политичката стабилност, медиумските слободи, но и постигнувањето на дел од стратешките цели на граѓаните, како членството во НАТО Алијансата кое го очекуваме до крајот на годинава, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната конференција „Перспективите и предизвиците на Југоисточна Европа“ во Цавтат, Хрватска.

Според министерката, доколку идната недела не се донесе позитивна одлука за Северна Македонија, прогресивните сили кои се подготвени за храбри компромиси, за помирување, за една различна, демократска и напредна слика за Балканот, ќе почувствуваат недостаток од интерес од Европската Унија.

-Нашата земја секогаш гледала на процесот на проширување како на процес базиран на резултати и постигнувања. За да се промовира лидерство, мора да се имаат и вредности, но и конзистентност и веродостојност, истакнала Шекеринска.

Конференцијата, како што соопштува Министерството за одбрана, е во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, а учествуваат бројни членови на Европскиот парламент, парламентарци од Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, претставници од академската заедница и невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?