Реакција на реакцијата на ДПМНЕ со наслов: Неуки портпароли влезени во филм сакаат полемика без дела

Од:

Како портпарол на изборниот штаб на Сојузот за Иднината кога се обраќам за тема за која сум компетентен секогаш е потпишана од и мене а не само од коалицијата Сојузот за Иднината.Така беше и со вчерашната реакција на пресот на почитуваната Др. Гордана Коњаноска. За мојтата компетенност за теми од областа на Менаџментот во здравство зборува мојот магистерскиот труд како и запишаниот докторат на таа тема, кои воедно се едни од пионерските во земјава оценети со висока оцена за нивниот квалитет од страна на државниот универзитет Св Кирил и Методиј.Со ваквиот непристоен речник не го навредувате само Дејан Блажески претседател на ООЛДП –Охрид, туку го изнегиравте и универзитетот СВ.Кирил и Методиј.

Знам дека за време на политичката кампања се дозволени многу работи, но никогаш не мислев дека мојот интелект ќе биде нешто на кое ќе се темели некое соопштение, затоа што не само што делува смешно и неиздржано туку неукоста и моето образование не одат во иста реченица. Можеби звучи суетно но и тој кој го пишувал соопштението не верува во напишаното.

На крајот, јас сум длабоко убеден дека почитуваната Коњаноска не била сооучесник во пишувањето на соопштението и дека истото е производ на луѓе кои се партиски функционери и кои во недостаток на аргументи посегнаа по лични навреди.Во мојата реакцијата нема нити една лична навреда, како што нема нити во оваа контра реакција затоа што јас имам свој начин на работа и принципи кои ретко ги кршам. Јас разбирам дека немавте аргументи за да одговорите поинаку, но не знам зошто од вашиот центар за комуникации каде има одлични спинери не ве посоветувале овој пат да премолчите.

Со почит

Дејан Блажески

Претседател на ОО ЛДП -Охрид

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ