Новите осомничени во „Рекет“ повикани во Кривичниот суд

Од:

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница , заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопшти утрово Основениот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, како што е наведено во соопштението од Судот, во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера ја информираше јавноста дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог