Јапонија: Земјотресот од 2011 бил регистриран на Вселената

Од:

Земјотресот кој пред две години ја погоди Јапонија бил толку силен, па неговите ефекти се почувствувале и на универзумот.

Научници од европската свемирска агенција „ЕСА “ изјавија дека земјотресот со јачина од 9 степени по Рихтер, кој на 11-ти март 2011 ја погоди Јапонија преку атмосферата пренел звучни бранови кои ги забележал истражувачкиот сателит „Гоце“.

Чувствителната опрема на сателитот регистрирала промена на 255 километри од земјата пренесува „Би би си“.

Одамна е познато дека силните земјотреси можат да произведат силни бранови со ниски фреквенции или инфразвук кои човековото уво не може да ги регистрира, но ниту едно свемирско летало до сега нема регистрирано такви бранови.

Во Јапонија денес ќе се одбележи втората годишнина од разорниот земјотрес и цунамито, кои во 2011 година однесоа повеќе од 15.000 животи.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови