Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за отпочнување пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија

Од:

Ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство, напиша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас на неговиот официјален профил на Фејсбук, по средбата со Доналд Туск.

-Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.

Претседателот на Европскиот совет се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на средбата станало збор за темите што ќе се најдат на агендата на ЕУ Самитот, следната седмица, во Брисел.

Доналд Туск денеска и утре е во Атина за конференцијата „Athens Democracy Forum”, а вечерва имаше обраќање за време на отворањето.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега