ВИДЕО: Заменичката на Боки 13, Јасна Мандиќ, ја донесоа во судот

Од:

Осомничената заменик-претседателка на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, вечерва со полиција ја донесоа во кривичниот суд за мерката притвор која за неа ја бара Обвинителството.

Таа беше уапсена денеска во новата истрага за злоупотреби преку сметката на Меѓународниот сојуз.

Под истрага се пет физички лица и едно правно лице, меѓу кои Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

Првоосомничениот сторил продолжено кривично дело измама и перење пари.

Останатите се осомничени дека помагале при извршување на кривичното дело измама. Тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари и други приноси од казниво дело.

Правното лице е сомничено дека сторило измама. Од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов