Курдите повикаа на општа мобилизација во североисточниот дел на Сирија

Од:

Курдската администрација во североисточна Сирија денеска ги повика цивилите да го одбранат регионот од евентуален турски напад, за кој се верува дека е неминовен.

– Најавуваме тридневна општа мобилизација во северниот и источниот дел на Сирија, се наведува во соопштението.

Во него, исто така се повикуваат сите цивили да „се упатат кон границата со Турција за да ја исполнат својата должност“.

Претходно, курдските сили и две сириски групи на активисти објавија дека екстремистите на Исламска држава утрово извршиле напад во Рака, северна Сирија.

Курдските борци наведуваат дека ИД извршила три самоубиствени напади врз нивни позиции во Рака.
За сега нема информации за евентуални жртви или повредени.

Сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон соопшти дека нападот го извршиле двајца бомбаши – самоубијци на ИД.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка