Доналд Туск ќе се обрати на „Athens Democracy Forum“ и ќе се сретне со Мицотакис во Атина

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туски денес и утре ќе биде во Атина, за во попладневните часови да се обрати на отворањето на конференцијата „Athens Democracy Forum“, а посетата на Грција ќе ја искористи и за средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис и Туск ќе се сретнат во 15 часот по локално време, а три часа подоцна претседателот на Европскиот совет ќе се обрати на конференцијата. Веднаш потоа ќе се сретне и со новиот градоначалник на Атина, Костас Бакојанис.

Во текот на утрешниот ден, Доналд Туск повторно ќе присуствува на „Athens Democracy Forum“ и ќе ги следи обраќањата на конференцијата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а во вечерните часови ќе присуствува на доделувањето на наградата за демократија на општина Атина.

Оваа година, наградата е за убиениот градоначалник на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ, а на специјален настан, во присуство на Доналд Туск, атинскиот градоначалник Костас Бакојанис наградата ќе ѝ ја врачи на сопругата на Адамовиќ, Магдалена Адамовиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он