Шекеринска: Силна поддршка од Романија за почеток на пристапните преговори со ЕУ

Од:

Романија е активен поддржувач на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија, беше потврдено на денешните средби на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со романската премиерка Виорика Данчила и со министерот за национална одбрана Габриел Бениамин Леш во Букурешт.

– Северна Македонија со право очекува следната недела да го добие долгоочекуваниот датум за почеток на пристапни преговори со Унијата, не затоа што сакаме подароци, туку зашто тоа го заслуживме. Единствениот начин мојата земја да биде модерна, европска демократија е нашиот фокус да биде иднината и просперитетот на нашите граѓани, изјави министерката Шекеринска, која престојува во официјална посета на Романија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, романската премиерка Данчила и честитала на Шекеринска за прогресот што Северна Македонија го направи кон НАТО и нагласила дека Романија активно го поддржува европскиот пат на земјава. Таа понудила помош при отворањето на поглавјата во преговорите со Европската унија и рекла дека отворањето на преговорите ќе биде позитивен импулс за целиот регион.

На средбата со својот романски колега Леш, Шекеринска нагласила дека двете земји имаат искрен интерес одбранбената соработка да се продлабочи уште повеќе.

– За 2019 година, спомена, планирани се 16 заеднички активности, кои се реализираат навремено, а планот за 2020 година е во завршна фаза на усогласување. Овој план вклучува соработка во военото образование, стручно – специјалистичката обука и експертските разговори во доменот на одбраната, се наведува во соопштението.

Романскиот министер Леш порачал дека Романија секогаш ќе биде доверлив пријател и сојузник на Северна Македонија, додавајќи дека на Шекеринска и честитал за успешно завршените чекори во пристапувањето кон најмоќниот воено – политички сојуз на денешнината – НАТО.

– Фактот дека ќе бидеме 30 сојузници во рамките на НАТО, ќе ја направи Алијансата посилна, а со сигурност ќе придонесе за подобрување на безбедносното опкружување на Балканот, рекол Леш.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката