Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека Минск е подготвен да состави текст на декларација на земјите одговорни за некласифицирање на ракетите со краток и среден дострел во Европа.
Тој на експертската конференција „Европска безбедност: оддалечување од патот на деструкцијата“ нагласи дека не е замена за договор, но оти би можела да придонесе до намалување на нивото на моментални ризици и геополитички проблеми во Источна Европа и за спречување на понатамошна ескалација на судирите.
– Претпоставуваме дека тоа би можело да помогне да се пополни правниот вакум во регулирањето на наведениот сегмент на вооружување, истакна Лукашенко.