ВИДЕО: Му се слоши на Боки 13, го изнесоа со Брза помош од Обвинителството

Од:

Попладнево во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му се слоши на осомничениот Бојан Јовановски. Тој во истрагата „Рекет“ требаше да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска, но поради влошената здравствена состојба, го изнесоа од гаражата на Обвинителството и го внесоа во возило на брзата помош.

Медицинската екипа стигна во 12.30 часот, односно дваесетина минути откако Јовановски го внесоа во Обвинителството, a зградата ја напуштија 40-ина минути подоцна заедно со комбето од затворот.

Јовановски попладнево требаше да даде исказ како осомничен во истрагата “Рекет”, но тоа не се случило поради неговата влоѓена здравствена состојба.

Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за перење пари и примање награда за противзаконско влијание.

Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог