Jaпониja со минута молчење го одбележува споменот на загинатите од земјотресот и цунамито во 2011 година во Фукушима

Од:

Со минута молчење, денеска во 14.46 часот по токиско време, цела Јапонија ќе го одбележи споменот на загинатите во природните катастрофи, што на 11 март 2011 година го опустошија североисточниот дел на земјата и ја предизвикаа хаваријата на АЕЦ „Фукушима-1“.

Во тој момент пред две години, на крајбрежјето на префектурата Мијаги, се случи катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 9 степени според Рихтеровата скала. Тој предизвика гигантски бранови цунами, чија височина на места надминуваа 40 метри.

Како резултат на земјотресот и цунамито загинаа речиси 15.900 лица, а околу 2.700 и досега се сметаат за исчезнати, пренесоа руските медиуми.

Во целата земја ќе се оддржат настани во спомен на повеќето илјади жртви на природната катастрофа. На главната церемонија во спомен на жртвите, што ќе се оддржи во престолнината Токио, ќе присуствуваат премиерот Шиндѕо Абе и сите членови на владата.

Веќе една недела Јапонија се подготвува, со серија настани, за одбележување на најголемата трагедија во својата историја по Втората светска војна. Голем дел од програмата на локалните телевизии е исполнета со специјални емисии, посветени на темата, со раскажувања на преживеани и репортажи за настраданите луѓе и оштетните региони.

Обновата на настраданите региони е далеку од својот крај, а според прогнози на јапонските власти може да одземе меѓу три и 15 години. Меѓу главните проблеми е бавното обновување на разурнатата инфраструктура и раселувањето на зафатените региони од несреќата.

Над 72.000 лица се иселени во текот на изминатите две години од трите најсилно настрадани префектури – Мијаги, Фукушима и Ивате, долж североисточното крајбрежје на земјата. Многу од луѓето, кои ја преживеаја катастрофата, продолжуваат да живеаат со психички проблеми.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови