Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Шилегов наместо да гради, кради по план, зад бетонската тврдина на кровот на ГТЦ стои план за ресторан близок до власта

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје изразува загриженост поради урбаното дивеење и узурпирање на таканаречениот зелен кров на ГТЦ и сето тоа, како што велат, под одобрение на Петре Шилегов.

„Практично бетонската тврдина која никна на кровот на ГТЦ е нова бизнис зделка на власта, каде објект поголем од предвидената зелена површина треба да служи за ресторан и истиот според неформални сознанија треба да припадне на лица блиски до Шилегов и Власта. Празната и популистичка флоскула на Шилегов “градиме по план” значи крадиме по план. Бизнис моќници од угостителскиот бизнис блиски до Шилегов стојат зад бетонската градба на ГТЦ.

И додека Шилегов и неговите лееа крокодилски солзи за спас на ГТЦ сега истите го сквернават за свои бизнис интереси градејќи бетонска тврдина на самиот кров. Шилегов глумеше нервозен полицаец кога граѓанин направи штета на неколку цевки на зелениот кров кој беше во градба и објавуваше видеа, а сега кога се гради бетонска тврдина среде ГТЦ се прогласува за ненадлежен.

Неговата купи ден помини политика излегува на површина. Површноста, незнаењето и арамилукот на Шилегов и дружината го загрозуваат Скопје и ГТЦ. Бараме итно обелоденување што се крие зад бетонската тврдина на ГТЦ, дали позади тоа стои бизнис интерес на познат скопски угостител близок до Шилегов и Власта и кој е процентот и провизијата за таквата зделка?

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат