Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на македонските уметници, виолинистот Валентин Наумов и пијанистката Верица Дивитарова.
Во салата на клавирите во битолскиот Музеј, Наумов и Дивитарова ќе исполнат дела од Моцарт и Шуберт.
Според програмата на „Интерфест“ кој завршува на 11 октомври, утревечер концерт ќе приредат дуо Фортечело од Франција, претпоследни се дуото Кабан и Блажеј од Полска, а на затворањето публиката ќе го следи настапот на барокно трио „Стара Музика“ од Италија.