Пораз на МЗТ Скопје на гостувањето во Унгарија

Од:

Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз на гостувањето во Унгарија од екипата на Шолнок со 81:72 (22:9; 19:19; 20:31 и 20:13). Со овој неуспех „металците“ си ги намалија шансите за пласман во Еврокупот.

Македонскиот првак лошо го отвори натпреварот, бидејќи противникот ја доби првата четвртина со 22:9. Вториот период мина резултатски изедначено што значеше дека Унгарците имаа предност и на полувремето. Третиот период беше најдобриот дел од играта на избраниците на Алеш Пипан.

Во последната минута МЗТ Скопје Аеродром успеа и да изедначи на 59:59, но тоа беше се што сторија играчите од Скопје. Со плус два заврши третиот период, а потоа Шолнок на стартот од последниот период направи серија од 8:0 и предност од +10 (69:59) што беше тешко повторно да се анулира.

Мартон Бадер беше најефикасен со 24 поени, додека кај МЗТ Скопје Аеродром Кејт Дејвис, Дамјан Стојановски и Тодор Гечевски постигнаа по 15 поени.
На другите натпревари од 24.коло: Задар – Раднички 75:68, Будуќност – Сплит 66:47, Цибона – Олимпија 74:62, Партизан – Игокеа 73:64. Утре играат: Крка – Цедевита и Широки – Црвена Звезда.

Табела: Игокеа 18-6 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Будуќност 15-9, Раднички 15-9, Партизан 15-9, Олимпија 13-11, Цедевита 12-11, МЗТ Скопје Аеродром 12-12, Крка 9-14, Цибона 9-15, Задар 8-16, Сплит 8-16, Солнок 8-16, Широки 7-16.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ