Во германските компании се повеќе има изнајмени работници, поточно евтини работници на одредено време кои помагаат во поголемата побарувачка, пишува Дојче Веле.
Моментално во фирмите за изнајмување работници регистрирани се околу 900,000 луѓе, на кои не им е потребно посебно образование. Соодветно на тоа, кон изнајмените работници не се однесуваат со почит.
Идејата на политиката е германската економија да може пофлексибилно да реагира на помените на конјуктурата, па компаниите си ги задоволуваат краткорочните потреби преку овозможување „нивните вработени да ги изнајмат на други“. Невработените, според теоријата, би требале преку работа како изнајмени работници да можат повторно да дојдат до постојано вработување.
Некои од компаниите, особено во областа на логистиката и трговијата, воочија огромна можност да заштедат со ангажирањето на изнајмените работници во однос на нивните постојано вработени. Дури 34 проценти работа во тие области ги извршуваат изнајмените работници, односно помагаат на градилиштата, редат рафтови во продавниците, во складилиштата, редат стока на палети.
Дојче веле пишува дека според она што го кажуваат изнајмените работници, главно анонимно поради страц, звучи како приказна за модерно ропство. Пример, тие за време на пробниот рок не добиваат никаква плата, а често и никаков договор пред почетокот на работата и немаат ниту одредено работно време. Работодавачите очекуваат изнајмените работници да се подготвени да работата за викенд и за празници.
Поради лошите услови, браншата за изнајмување на работници со два сојуза на работодавачи работи на подобрување на состојбата, а веќе постојат построги законски прописи и прифатен е и Кодекс на честа.
Исто така, и Сојузната агенција за вработување спроведува построги контроли. До моментов се работи на одредбата за еднакви примања за еден час работа меѓу постојано вработените и изнајмените работници, доколу работат иста работа. Покрај тоа, во сила стапи и одредбата за најниската надница за помошните работи, што изнесува 8,19 евра на час.