Украдени патоказите од мостот на реката Вардар кај селото Пепелиште

Од:

Украдени се патоказите од мостот на реката Вардар кај селото Пепелиште, Неготинско, кој неколку дена е забранет за употреба поради оштетеност на столбовите.

Информацијата ја потврди Петар Емшов, раководител на „Македонија пат” Неготино, кој веќе го пријавил случајот во полиција.

– Ноќеска некој ги украл патоказите. Само еден од нив чини околу 400 евра. Не знам зошто се украдени и за што би можеле да ги употребат крадците, рече Емшов.

Санацијата најверојатно ќе биде во јули.

– Кога во минатото биле градени мостовите на реката Вардар немало хидроцентрали кои кога се топат снеговите ја испуштаат водата од браните па се зголемува водостојот, ниту имало толку големи, тешки товарни возила како сега, од 26 тони, а и феквенцијата била помала. Сето тоа има влијание. Санација на мостот ќе има. Се чекаат пари за таа намена но и погодни временски услови. Тоа најверојатно ќе биде во јули кога водостојот на реката Вардар ќе биде мал за да може да се интервенира, соопшти Емшов.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он