Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Од:

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Куманово. Како што информира МВР, вчера околу 21.20 часот на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Денко Драганов“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(49) од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од А.К.(26) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., додека со телесни поврди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски