Кандидатот за градоначалник Александар Петрески одржа средба со жителите на Љубаништа и трпејца на кои им порача дека нема да дозволи губење на нивните имоти кои држава сакаа да ги национализира.
„Ова е центарот на Кутмичевица, важно место за македонската историја, од овде започнала да се шири писменоста, овде во манастирот на Св. Наум на неговите столбови се напипшани првите кирилични букви. Ние до крај ќе ја почитуваме одлуката на Синодот на МПЦ и ќе се трудиме со сите сили да не дозволиме да се спроведе во дело законот кој во Собранието го предложи Александар Николоски, со кое на некој „преварант“ како Субрата Рој ќе му дозволиме ова подрачје да го уништува. Не сме против инвестиции, ние сакаме инвестиции, меѓутоа најважно е ова подрачје да се зачува, и да се внимава на екологијата. Доколку некој сака да инвестира во Охрид и на Охридското езеро, има и други подрачја кои не се толку значајни, како на пример подрачјето од кампот „Андон Дуков“ до Струга, каде што би можело истата инвестиција доколку не е измама да се изведе тука“, рече Петрески.
Тој им порача на сите жители кои гравитираат околу Љубаништа дека можат да спијат мирно во врска со нивното земјиште и дека нема да дозволи нова национализација.
„Изградбата на туристичкиот комплекс најавен од инвеститорот кој го донесе македонската Влада, преставува спротивставување на трите основни принципи., економскиот, еколошкиот но и духовниот. Од економски аспект не можеме да се согласиме бидејќи тоа ќе значи девастација на овој простор. Од еколошки аспект не се согласуваме бидејќи ќе се уништи целата биосфера и водата во Охридското езеро. Во никој случај не можеме да се согласиме заради духовното, бидејќи како што вели нашиот народ на вакувско место не се гради“, изјави проф. д-р Јован Стојаноски носител на листата на советници за Охрид на Сојузот за иднината.
Стојаноски истакна дека во економската програма на Сојузот за иднина која се однесува на општина Охрид има одредени дестинации каде може да се инвестира и дека секоја инвестиција е добредојдена.