Тодоровиќ вети нови проекти во интерес на граѓаните

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „За подобра Македонија“, Владимир Тодоровиќ денеска вети дека доколку добие нов мандат ќе продолжи со реализиција на проекти кои произлегуваат од потребите на граѓаните.

На прес-конференцијата во седиштето на партијата Тодоровиќ најави изградба на ново училиште со спортска сала и нова детска градинка со двојно поголем капацитет од посточката во населбата Капиштец, изградба на нов пензионерски дом, ревитализација на ресторанот „Езерце“, целосна инфраструктура во новопроектираните населби во Ново Маало, Маџир Маало и Крњево, како и на проширувањето и реконструкцијата на повеќе улици. Дел од неговата програма се и изградба на пет спортски сали, воведување на е-општина и изработка на план за модернизација и реконструкција на спортската сала „Градски парк“.

– Советничката листа е мојот тим, внимателно избран профил на луѓе кои што ќе претставуваат линк меѓу населбите во општината, граѓаните и општината како институција. Мора силно да дадеме поддршка на советничката листа за да бидеме сигурни дека без пречки ќе ги реализираме предвидените проекти!, рече Тодоровиќ.
Осврнувајќи се на веќе реализираните активности, Тодоровиќ истакна дека се спроведени над 228 проекти со кои општината станала најпосетената од страна на туристите. – Се надевам дека за четири години од денес, ќе бидете сведоци на новите промени, на новите дела кои што ќе ги создадеме заедно со вас, рече Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“