Во протестите во Ирак загинаа 72 лица

Од:

Билансот на убиените во текот на четиридневните насилни немири во Ирак се зголеми на 72 убиени и стотици повредени, соопштија денеска полицијата и здравствените служби.

Сообраќајот се нормализира на улиците на Багдад, а големите плоштади повторно се тивки, јавуваат светските агенции.

Областите во Багдад, каде изминатите денови се собраа повеќе илјади демонстранти, се уште се блокирани со бетонски бариери.

Антивладините протести избувнаа поради незадоволството на претежно млади луѓе кои бараат работа, подобри комунални услуги и борба против ендемичната корупција во земјата богата со нафта.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак