Најмалку 33 жртви во антивладините протести во Ирак

Од:

Најмалку 33 лица загинаа во немирите и антивладините демонстрации кои трет ден по ред се одржуваат во Ирак.

Демонстрантите не го почитуваа полицискиот час кој вчера беше воведен во Багдад и уште некои градови, а полицијата употреби борбена муниција и солзавец за да ги растера.

Ирачките власти од синоќа прекинаа пристап до Интернет во поголемиот дел од земјата во обид да ги спречат нередите.

Протестите против Владата избувнаа поради незадоволството на младите кои бараат работа, подобри комунални услуги како што се снабдувањето со вода и струја, како и борба против ендемската корупција во земјата богата со нафта.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак