Ирак: Протестите продолжуваат и покрај забраната, во Басра убиени активисти

Од:

Непознати напаѓачи со огнено оружје убија ирачки активист и неговата сопруга во Басра, соопштија локалните меидуми, повикувајќи се на изјава од претставници на безбедносните служби.

Карикатуристот Хусеин Адел Мадани е убиен со неговата сопруга Сара мадани кога маскирани луѓе влегле рано исутринава во нивниот дом и ги застрелале.

Познатиот активист учествуваше во синоќешните протести во Басра. Тој и неговата сопруга се убиени само неколку часа подоцна. Тие имаа двогодишна ќерка Захра, која не е повредени.

Во меѓувреме, протестите ширум Ирак продолжуваат и покрај воведениот полициски час. Полицијата денеска пукаше од огнено оружје за да ги растера демонстрантите кои палеја гуми на централниот багдадски плоштад.

Протестите во Багдад и другите ирачки градови од економски причини. Протестот почна на 1 октомври на Плоштадот Тахир, кога полицијата почна да фрла шок бомби и да пука со гумени куршуми и солзавец за да ги растера демонстрантите. Во судирите со полицијата досега загинаа еден полицаец и 12 демонстранти.

Во Багдад е прогласен полициски час кој почна денеска рано наутро. „На сите возила и лица целосно им е забрането движење од четврток во пет часот до понатамошно известување“, се посочува во соопштението на ирачкиот премиер Адел Абдул Махди

Полицискиот час не важи за оние кои патуваат кон или од аеродромот во Багдад, амбулантни возила, владини службеници во болници и служби за дистрибуција на електрична енергија и вода, како и аџии.

Ирачкиот премиер изјави дека од регионалните власти зависи дали ќе воведат полициски час на нивните територии.

Претходно, полициски час беше прогласен во три јужни градови Насирија, Амара и Хила.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак