Пред два дена на некои од адвокатите во случајот „Рекет“ им било понудено да го купат исказот даден од Зоран Милевски-Кичеец даден во Обвинителството, откако Вилма Русковска не им овозможи увид, кога осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева прегледуваа со какви докази се располага во постапката, дознава А1он.
Еден од бранителите, бил повикан од мобилен телефонски број во вторникот доцна попладнето, од страна на непознат маж кој го запрашал дали е заинтересиран да му го обезбеди исказот од Кичеец, кој е второосомничен во „Рекет“.
Засега нема информации дали Обвинителството ќе спроведе истрага за овој случај, а за понудата кон адвокатите известена е Русковска. Неофицијално, исказот на Кичеец не е предаден на судот и го има само Обвинителството.