Големо изненадување во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс, елиминиран четвртиот носител Давид Ферер. Шпанецот беше елиминиран во три сета од Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 3:6, 6:4, 6:3. Дебакал доживеа и Фернандо Вердаско кој освои само еден гем против Ниеминен.
Испаднаа уште трин носители. Ветеранот Лејтон Хјуит се врати по првиот изгубен сет и го совлада Џон Иснер со резултат 7:6(6), 3:6, 4:6, Беноа Пер беше подобар од Филип Колшрајбер – 6:4, 6:2, а Михаил Јужни беше немоќен против Леонард Мајер – 2:6, 3:6.
Лесна задача имаше вториот носител Рожер Федерер кој го совлада Денис Истомин со 6:2, 6:3.
Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го започнува настапот на Мастерсот во недела на полноќ.