Тачи: 24 март е многу важен датум за нас

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг во општина Желино и ги претстави кандидатот за градоначалник на општината Љатиф Арифи и кандидатите за советници.

Првиот човек на партијата Мендух Тачи рече дека ДПА го предложила најдобриот кандидат за интересите на општина Желино.

-Арифи е праведен човек, искрен и успешен во работата. Убеден сум дека тој е најдобриот домаќин за општина Желино. Неговата победа нема да биде индивидуална ниту колективна, туку идеолошка, изјави Тачи.

Според него, 24 март е многу важен датум. – Гласот против оваа влада ќе потврди дека народот е многу незадоволен и бара промени. Промените за добро на жителите е ДПА, рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник Арифи вети дека ќе работи напорно и чесно за развој на општината.

-ДУИ за сите овие години не направи ништо за да го подобри животот на граѓаните. Во Желино имаме голем проблем со невработеноста, со водоснабдувањето, да не зборуваме за образованието и културата. Јас и советничката листа на ДПА нудиме промени и ние со нашата работа ќе го вратиме Желино на правиот пат за граѓаните да живеат достоинствен живот, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?